Во оваа лекција ги учиме бројките на германски јазик. Тие се една од основните работи кои ни се потребни за да се разбереме.


Ова се бројките од 0 до 10:

0 – null - нула

1 – eins - еден

2 - zwei - два

3 – drei - три

4 – vier - четири

5 – fünf - пет

6 – sechs - шест

7 – sieben - седум

8 – acht - осум

9 – neun - девет

10 – zehn – десет

 

Еве ги и бројките од 11 до 19

Забележете дека освен 11 и 12 сите други бројки во оваа колона имаат ист завршеток:

11 – elf - единаесет

12 – zwölf - дванаесет

13 – dreizehn - тринаесет

14 – vierzehn - четиринаесет

15 – fünfzehn - петнаесет

16 – sechzehn - шеснаесет

17 – siebzehn – седумнаесет

18 – achtzehn – осумнаесет

19 – neunzehn – деветнаесет


А еве ги и десетките до 100:

20 – zwanzig – дваесет

30 – dreißig – триесет

40 – vierzig – четириесет

50 – fünfzig – педесет

60 – sechzig – шеесет

70 – siebzig – седумдесет

80 – achtzig – осумдесет

90 – neunzig – деведесет

100 – hundert – сто


Како се комбинираат?

Сега откако ги запознавме основните зборови, доаѓаме до интересниот дел. Како ќе кажеме 21 на германски?

Специфично е следното: На германски ги кажуваме прво единиците па десетките, обратно од нашиот јазик.


На пример:

21 – einundzwanzig

46 – sechsundvierzig

78 – achtundsiebzig


Исто така е важно да се запамти дека меѓу единиците и десетките секогаш стои сврзникот und.

Доколку бројот е троцифрен (или повеќецифрен) останатите бројќи се кажуваат по истиот редослед како и во нашиот јазик, но бројот сепак се пишува споено.


На пример:

124 – einhundertvierundzwanzig

287 – zweihundertsiebenundachtzig

693 – sechshundertdreiundneunzig


За вежбање пробајте да ги преведете следните броеви:

А) 2,6,13,24,35,46,123,256

Б) 3,5,16,19,92,38,47,479,951

В) 1,4,14,90,88,73,908,495

Г) 9,6,12,11,92,83,74,654,987


Доколку имате прашања, пишете ни слободно на некоја од социјалните мрежи.

Доколку сатате да се запишете на некој од нашите курсеви по германски јазик, можете да не контактирате на овој линк.