Побарувачката за часови по германски јазик покажува дека голем дел од средношколците имаат проблем со знаењето кое требало да го стекнат во основно училиште.


Поради ова, нашата платформа за учење ова лето организира две летни школи.


ОПЦИЈА 1 – УЛТРА Германски во јули и август, секој работен ден од 12:00 до 15:00 часот

Наменет за средношколци кои треба да имаат подобра оценка и сакаат да бидат во тек со новите истражувања на тема здравје, екологија, претприемништво, социјални медиуми и практични вештини и навики на успешните луѓе.


Ќе има неколку гостувања на предавачи од Германија, како и македонски експерти чии совети ќе ги преведуваме на германски јазик.


Покрај јазикот, сакаме да поттикнеме разумно, критично и прогресивно размислување кај младите. Да ги мотивираме да имаат позитивни цели и здрави навики кои ќе им помогнат да бидат задоволни и успешни.


Ќе се реализираат 132 часа настава од по 60 минути по промотивна цена од 10 000 денари доколку се пријавите до 15ти мај, односно 12 000 денари доколку се пријавите после 15ти мај, пријавувањето завршува на 5ти јуни.


ОПЦИЈА 2 – БИДИ ВО ТЕК во јули и август на секој работен ден од 11:00 до 11:45 часот

Наменет за основци кои не мора да имаат учено германски јазик до сега. Ќе почнеме од почеток и ќе ги покриеме сите граматички единици кои се потребни за да ја дочекаат школската година спремни.


Ќе се одржат 44 наставни часа од по 45 минути по промотивна цена од цена од 3000 денари доколку се пријавите до 15ти мај, односно 4000 денари доколку се пријавите после 15ти мај. Пријавувањето завршува на 5ти јуни.


Двете програми ќе се одржуваат онлајн, преку Google Meet. Потребните матријали за работа ќе бидат исто така онлајн.


За повеќе информации или за да се пријавите пишете ни преку нашата контакт форма или јавете ни се на 074 200 007.