Дали повторно ќе се возите повеќе од 2 часа со воз? Или вашето дете има важен тест во вторник, а вие сте во сабота на работа? Земете го вашиот телефон и ајде да најдеме решение!
Подемот на мобилното учење
Ние ги користиме нашите мобилни за се и сешто, па зошто да не и за онлајн час? Особено со бумот на е-учењето по кризата KОВИД-19, се појавуваат сè повеќе алатки и платформи, а мобилното учење се распространува на секаде. Една од главните причини е слободата да си каде-било. А тука е и фактот дека се повеќе корисници повеќе не седат пред компјутер. Зошто да носите тежок лаптоп, кога постои мобилно учење?
Следното ниво - персонализирано мобилно учење
Гејмификацијата на процесот на учење, една од главните карактеристики на мобилното учење е дефинитивно голем плус и го привлекува вниманието на многумина, особено кај помладата генерација. Но, уште една страна на учењето преку мобилни телефони е трендот на резервирање на индивидуални часови преку интернет со професионалци, кои ќе одговорат на вашите прашања и ќе ви помогнат околу предметот.
Наоѓање предавач кој е достапен за учење преку мобилен телефон
Веќе постојат многу платформи за мобилно учење. Нашиот е еден од новите, и се надеваме дека е еден од најдобрите. Па, шегите на страна, едноставно пребарајте „онлајн тутори“ или „час на мојот мобилен“ и ќе го најдете тоа што го барате.
Сè што треба да знаете за изборот на вистинскиот предавач за вас, можете да го најдете овде. A тука е и списокот на сите достапни предавачи.
Добрите страни на индивидуалното мобилно учење со предавач
Веќе ги спомнавме практичноста и флексибилноста на мобилното учење и огромните избори достапни на интернет. Сега, акцентот оди на персонализација на процесот на учење преку мобилни телефони. Да имате информации сервирани од професионалец, на начин кој најдобро одговара на вашата личност, да добиете одговор на вашите прашања и да добивате искрени повратни информации во реално време, тоа е бесценето.
Небото е граница
Дали се обидувате да се замислите како учите како да решавате сложени математички вежби на вашиот телефон? - Зошто да не? Мобилното учење не е само за учење јазик или дигитален маркетинг. Можеби ќе треба да направите неколку подготовки, како да земете тетратка и пенкало, но можете да научите сè и сè со онлајн предавач.
Предизвиците
Ако вашето купе е премногу размрдано или толпата околу вас прегласна, тогаш прескокнете го часот. Иако е многу мобилно и прилагодливо, за мобилното учење се бара вашиот фокус исто како и за секој друг вид на учење. Ако има многу работи кои ви го одвлекуваат вниманието, шансите за успех ќе се намалат. Затоа, погрижете се кога ќе го имате часот, фокусот да е вашиот главен адут.
Заклучок
Мобилното учење е учење како и секое друго, само на различен медиум. Ова го прави многу попристапен и поприлагодлив. Ги носиме нашите телефони насекаде, што значи дека со нас ги имаме и нашите тутори и работни материјали.
Со добри слушалки и стабилна WiFi конекција, можете да користите долги возења или друго долго чекање во ваша корист.