Пројдоа 3 месеци и конечно го заврши првиот степен од курсот по германски јазик?

Како да знаеш дали целта е навистина постигната и дали си научил се што треба?


Според мене, а и останатите колеги од тимот на боокатутор.цо, квалитетот е поважен од се останато. Тоа значи дека пред да ви честитаме успешно завршена работа, ќе се осигураме дека сте научиле се што треба.


Учениците кои завршиле А1.1 ниво треба да знаат:

-         Да се претстават усно,

-         Да можат да пополнат формулар со лични податоци,

-         Да напишат кратко писмо (околу 40 збора) на пример покана или прашање до грижа за корисници,

-         Да можат да раскажат што им се случило вчера или како си прошле на одмор,

-         Да кажат што сакаат, што треба. Што мора, а што не смее да се прави

-         Да бројат


Од аспект на граматика треба да имаат совладано:

-         Сегашно време со правилни и неправилни глаголи

-         Модални глаголи

-         Множина кај именки

-         Што е важно во распоредот на реченицата

-         Минато време

-         Која е разликата меѓу акузатив и номинатив

-         Определен член, неопределен член и негација за именки

-         Лични заменки во номинатив и акузатив


Вокабуларно се покриваат повеќе теми, некои од нив се:

-         Професии

-         Хобија

-         Јадења

-         Мебел

-         Станови

-         Овошје и зеленчук

-         Броеви

-         Денови, делови од денот, месеци и годишни времиња

-         Бои и матријали

-         Пазарење

-         Слободно време

-         Патување и превозни средства


Доколку си заинтересиран/а да учиш германски јазик и сакаш да го научиш навистина квалитетно, пиши ни преку нашата контакт форма и ние ќе ти помогнеме да научиш се што треба, од дома!


Нашите групни и индивидуални часови се одржуваат целосно онлајн, во живо со професор кој се грижи да научите се! Ви овозможуваме целосна поддршка во секој чекор, од учење на азбуката до полагање интернационални испити за високи нивоа. Без вештачка интелиганција, без лажни ветувања за брз успех.


Трудот и напорната работа ни се најдобар сопатник на патот до знаењето!